КЛИНКАРОВ, Петар

КЛИНКАРОВ, Петар (Велес, 4. Ⅹ 1943) – новинар. Во Радио Скопје е од 1965 г. Бил дописник на Радио Скопје од Белград (1971–1981). По доаѓањето во Скопје работел како уредник-коментатор и извршувал задачи на одговорен уредник на Првата програма и заменик-директор, главен и одговорен уредник на Македонското радио. Ав-тор е на емисијата „Студио 7” и на голем број радиопортрети во рам-ките на емисијата „Траги во времето”. Ј. Ф.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *