КЛЕТНИКОВ, Ефтим

КЛЕТНИКОВ, Ефтим (Негрево, 6. XI 1946) – поет, есеист, критичар, преведувач (Пушкин, Лермонтов, Расин, Валери). Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Директор на СВП. „Во поезијата на Клетников, пишува В. Урошевиќ, има многу восхит, празнување, славење на блесокот и сјајот, но зад тоа мноштво од светли и химнични емоции се наѕира секогаш едно темно претчувство, едно ескалативно навестување на темнината.” БИБ.: Модер вир, Ск., 1977; Зраци и самраци, Ск., 1978; Окото на темниот, Ск., 1980; Песни за Огнен, Ск., 1983; Икра и крило, Ск., 1984; Гласови, Ск., 1987; Триок, Ск., 1989; Магновенија, Ск., 1992; Маж и жена со лице спроти ѕвездите, Ск., 1994; Прасјај, Ск., 1995; Троја, Ск., 1996; Живиот камен и др. Автор е и на книгите со есеи и критика Орион, Ск., 1986; Јатка; Во потрага по целината, како и на неколку антологии на македонската поезија. Застапуван е во повеќе антологии на современата македонска поезија. ЛИТ.: В. Урошевиќ: Восхит пред тајното, Прилози за наставата по лит., Матица македонска (2001). П. Гил.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *