КЛАРК, Весли Кејн

КЛАРК, Весли Кејн (Њеслеѕ Канне Цларк) (Чикаго, Илиноис, 23. Ⅻ 1944) – американски генерал со четири ѕвездички и командант на НАТО, пензиониран по 34 години служба во Армијата на САД и во Департментот за одбрана на САД (1966–2000); командант на Здружените сили за операции во Косовската војна (1999) во времето на мандатот на Врховен сојузнички командант на НАТО за Европа (1997–2000). Во такво својство го означува почетокот на ерата на модерните војни (војните на ⅩⅪ в.) во кои агресорот нема непосреден контакт со жртвите на агресијата. Пред бомбардирањето на СРЈ неколкупати престојува во РМ. Во март 1999 г. добива одобрение од претседателот на РМ Киро Глигоров за користење на македонското небо за воздушни напади против СРЈ. БИБ.: Њагинг Модерн Њар, Њасхингтон Д.Ц. 2001. Св. ш. и Т. Петр.