КИЧЕВСКО-ДЕБАРСКА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА

КИЧЕВСКО-ДЕБАРСКА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА (Кичевско, почетокот на октомври 1944 – Горно Јаболчиште, 6. Ⅹ 1944) – воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од околу 650 борци како дополнителна бригада во составот на Четириесет и осмата (македонска) дивизија на НОВЈ, но само 30 борци биле вооружени. Истовремено била издадена наредба да замине кон с. Горно Јаболчиште за вооружување (6. Ⅹ 1944) и да влезе во состав на Првата македонска НОУБ. ИЗВ.: АВИИ, Београд, к. 1364, рег. бр. 1–10/2; Кичево и Кичевско во НОВ 1941– 1945, Документи, Кичево, 1985. ЛИТ.: Хронологија на настани од Народноослободителната војна 1941–1945 година во Кичево и Кичевско, второ дополнето издание, Кичево, 1984; Д-р Марјан Димитриевски, Македонската војска 1944 –1945, Скопје, 1999, 139. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *