КИЧЕВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ТЕРЕНСКИ БАТАЛЈОН

КИЧЕВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ТЕРЕНСКИ БАТАЛЈОН (Кичевско, средината на септември 1943) – воена единица на НОВ и ПОМ. Бил формиран од околу 500 борци, со задача, во отсуство на оперативните единици, да ја брани слободната територија од нападите на непријателските сили. Со укинувањето на штабовите на Првата и Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ (во првата половина на октомври 1943), Баталјонот бил расформиран, а дел од борците влегле во состав на новоформираната Група баталјони на НОВ и ПОМ. ИЗВ.: Сеќавања на Борис АлексовскиКарче за неговата револуционерна дејност во Кичево и Кичевско 1941–1945, АИНИ-Скопје; Кичево и Кичевско во НОВ 1941–1945, Документи, Кичево, 1985.ЛИТ.: Хронологија на настани од Народноослободителната војна 1941–1945 година во Кичево и Кичевско, второ дополнето издание, Кичево, 1984. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *