КИЧЕВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН БАТАЛЈОН

КИЧЕВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН БАТАЛЈОН (Кичево, 23. IX 1943 – с. Сливово, Ох-Борци од Кичевско-мавровскиот партизански одред (Иванчишта, јуни 1943) ридско, 11. XI 1943) – прв баталјон на Првата оперативна зона на НОВ и ПОМ. Бил формиран од околу 100 борци на Мавровскогостиварскиот и Кичевскиот НОПО и од новопристигнатите борци главно од Кичевско, Мавровско и Гостиварско. Водел борби со германските и балистичките сили на пл. Буковик (1. Ⅹ), кај селата Извор (5–9. Ⅹ) и Кленовец (6. Ⅹ) кај Кичево, при повторното ослободување (1. XI), кај с. Раштани (2. XI) и на пл. Буковик (4–6. XI). При формирањето на Првата македонско-косовска НОУБ влегол во нејзиниот состав. ИЗВ.: Сеќавања на Борис АлексовскиКарче за неговата револуционерна дејност во Кичево и Кичевско 1941–1945, АИНИ-Скопје; Кичево и Кичевско во НОВ 1941–1945. Документи, Кичево, 1985. ЛИТ.: Хронологија на настани од Народноослободителната војна 1941–1945 година во Кичево и Кичевско, второ дополнето издание, Кичево, 1984. С. Мл. Спомен-плоча посветена на Кичевско-македонскиот партизански одред во Лопушник