КИРКОВ, Панче

КИРКОВ, Панче (Велес, 1927 – 30. Ⅳ 2007) – редовен професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје и научник. Дипломирал на Технолошкиот факултет на Универзитетот во Загреб (1952). Докторирал во Загреб (1956). Имал повеќе студиски престои во многу земји во Европа и во САД. Еден е од основачите на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, каде што работел од 1961 г. до пензионирањето во 1987 г. Основач е на Заводот за физичка хемија и електрохемија. Бил декан на Технолошко-металуршкиот факултет. Подрачје: физичка хемија и електрохемија. Иницијатор за издавање на Билтенот на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Основач на Центарот за примена на радиоизотопи во стопанството на Македонија. Долгогодишен експерт на ООН во Египет, Индија, Франција и во САД. ЛИТ.: „Билтен УКИМ” бр. 105, од 18. IX 1967 г., стр. 34; 40 години Технолошко-металуршки факултетСкопје, монографија, ТМФ Скопје, 2000 г., стр. 110. Св. Х. Ј. Скопскиот бискуп Киро Стојанов

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *