КИРКОВ, Благој Ангелов

КИРКОВ, Благој Ангелов (Велес, 23. Ⅲ 1923 – Г. Оризари, Велешко, 9. Ⅰ 1943) – учесник во НОБ. Гимназијалец, организатор на младинското движење во Велешката гимназија, борец на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов” (од 1942), член на СКОЈ (од 1938), на гимназијалното раководство на СКОЈ (од 1941) и на МК на СКОЈ за Велес (од 1942). Еден од организаторите на штрајкот во Гимназијата (март 1942). Во септември 1942 г. стапил во НОПО „Димитар Влахов”. Убиен во судир со бугарската полиција. ЛИТ.: Велес и Велешко во НОВ 1941–1945, Спомен книга, Т. Велес, 1985. Ѓ. Малк. Никола Кирков