КИРИЈАС, Тиберие

КИРИЈАС, Тиберие (с. Трново, Битолско, 1908 – Љубњана, 1997) – научен работник од областа на сеизмологијата. Дипломирал на Техничкиот факултет во Бел-град (1934). Од мај 1963 г. е вонреден професор на Техничкиот факултет во Скопје, кога бил избран и за декан на овој факултет. Од 1965 г. е директор на Институтот за сеизмологија, земјотресно инженерство и урбанистичко планирање на Универзитетот во Скопје. Бил член на Сојузниот совет за координација на научните дејности, потпретседател на Управниот одбор на Сојузот на југословенските лаборатории, претседател на Советот за урбанизам на Градското собрание на Скопје. Бил претседател на Научниот совет при ИЗИИС. Има објавено голем број научни трудови од разни области: сеизмичко реонирање и микрореонирање; сеизмички ризик; економски истражувања и планирање во сеизмички подрачја; изработка и усовршување на техничка регулатива, стандарди и упатства за планирање, проектирање и градење во сеизмички подрачја; ис-тражување на ефектите на дејството на силни земјотреси и методи за санација и обнова. К. Тал.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *