КИРИЛ, митрополит

КИРИЛ, митрополит (с. Царев Двор, Преспанско, 23. Ⅵ 1934) – архијереј на Македонската правславна црква. Основно образование завршил во родното село, а Богословија во Призрен. Се замо-Кирил, митроплит полошкокумановски нашил во манастирот „Св. Пречиста” кај Кичево (1964), а потоа работел како службеник во Македонската архиепископија. Во 1965 г. се запишал на студии на Московската духовна академија, а по двегодишно студирање бил повикан да се врати во татковината. Во 1967 г., непосредно пред возобновувањето на автокефалноста, бил хиротонисан за Архијереј тивериополски. Теолошките студии ги завршува на Богословскиот факултет во Скопје. При возобновувањето на автокефалноста бил поставен за надлежен архијереј на Американско-канадско-австралиската епархија, до одвојувањето на Австралиската епархија (1974). Бил митрополит на Американско-канадската епархија (1981–1986). По формирањето на Полошко-кумановската епархија (1971) бил назначен за нејзин прв администратор, а потоа и за нејзин митрополит. Има особени заслуги за формирањето на прекуокеанските епархии и за организирањето на црковниот живот во Австралија, САД и Канада. Останува запаметен како македонски црковен и национален симбол во иселеништвото. ЛИТ.: Ратомир Грозданоски, Михаил Архиепископ Охридски и Македонски, Скопје, 1994; истиот, Стефан Архиепископ Охридски и Македонски, Скопје, 2000. Рат. Гр.