КИПРИЈАНОВА-РАДОВАНОВИЌ, Радмила

КИПРИЈАНОВА-РАДОВАНОВИЌ, Радмила (Скопје, 1941) – редовен професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, ректор и политичар. Дипломирала на Технолошкиот оддел на Техничкиот факултет во Скопје (1964), а докторирала на Универзитетот во Загреб (1974). Имала повеќе студиски престои Радмила Кипријанова-Радовановиќ во Европа. На Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје е од 1965 г, а како редовен професор од 1986 г. Пензионирана во 2004 г. Подрачје: математички методи во хемиското инженерство, моделирање и оптимизација на процесите и дизајнирање на експериментите. Автор на учебници и помагала, научни трудови и истражувачки проекти. Била ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (во два ман-дата) и декан на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (во два мандата). Потпретседател на Владата на РМ, министер за технолошки развој во Владата на СФРЈ, министер за наука во Владата на РМ, пратеник во Собранието на РМ. ЛИТ.: „Билтен УКИМ”, бр. 558, од 14. Ⅹ 1991 г., стр. 237; 40 години Технолошко-металуршки факултетСкопје, монографија, ТМФ Скопје, 2000 г., стр. 71. Св. Х. Ј. Катерина Кипровска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *