КЕРАМИЧИЕВА, Ружица Михајлова

КЕРАМИЧИЕВА, Ружица Михајлова (Суботица, 5. Ⅹ 1930) – психолог, универзитетски професор. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Белград (1961), каде што и магистрирала (1969) и докторирала (1976). На Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје се вработила во 1976 г., каде што ги поминала сите звања до редовен професор и се пензионирала (2001). Ги предавала предметите: развојна психологија (во учебната 1986/ 87 овој предмет го предавала и на Дефектолошкиот факултет во Белград), методика (за студентите по психологија) и психологија (на Филозофскиот и Филолошкиот факултет). Предмет на научно проучување $ се говорот и мислењето кај децата, а особено се посветила на методиката, каде што ја вгради интерактивната настава и активното учење. БИБ.: Развој на мислењето кај детето, 1990; Психологија во образованието и воспитанието, 1996, 2002 и др. ЛИТ.: Филозофски факултет: 1946–1996. Скопје, 1996, 91. В. Арн.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *