КЕРАМИТЧИЕВ, Апостол

КЕРАМИТЧИЕВ, Апостол (с. Габреш, Костурско, 1913 – Скопје, 1997) – класичен филолог. Гимназија завршил во Костур, а студиите по класична филологија, археологија и стара историја во Солун и во Софија. Учествувал во НОБ. Од 1957 до 1979 г. работел како кустос (епиграфичар и нумизматичар) во Археолошкиот музеј во Скопје. Го проучувал старото рударство и металургијата во Македонија. Со рекогносцирања евидентирал повеќе од 80 локалитети. Автор е на 40 научни и стручни трудови. БИБ.: А Нењ Инсцриптион фром Стоби, „ЖА“, XI–2, Скопје, 1961, 315–317; Нумизматичка остава на златни монети од с. Секулица, „ГИНИ“, ЏЏВИ/1, Скопје, 1982, 241-247; Старото рударство и металургија во Македонија: Од праисториско време до крајот на ⅩⅠⅩ век, Скопје, 1977. Д. З.