КЕПОВ, Иван

КЕПОВ, Иван (с. Бобошево, ќустендилско, Бугарија, 30. Ⅲ 1870 – Софија, 8. Ⅰ 1938) – новинар, публицист, општественик. Завршил историја на Софискиот универзитет. Работел како учител, службеник, бил секретар на Врховниот македонско-одрински комитет и е еден од основачите на Радикално-демократската партија. Уредник на весниците „Изгрев” (1901) и „Учителски весник” (1907-1913) и на списанието „Младешка библиотека” (1904-1907). Се пројавил како етнограф и историчар. Член на ВМОРО. ДЕЛ: Интелигенција и народ. Белешки за културната историја на Бугарија, София, 1925; Востанието во Перуштица во 1876 година, Соф., 1931 и Бугарската општественост во 20 век, Соф., 1938. В. Тоц. КЕРАМИДАРКА, Мокрино – средновековна некропола во северното подножје на Беласица (2,5 км североисточно од Мокрино и 20 км источно од Струмица). Во 1988 г. во урнатините на доцноримски објекти (Ⅲ-ИV в.) е откриен дел од некропола. Гробовите се слободно вкопани, христијански, со накит како гробен инвентар. Покрај обетките, прстените и белегзиите, овде првпат во Македонија се откриени ин ситу гривни од стакло носени на надлактиците, чии аналогии се потврдени и на фрескоживописот од „Св. Пантелејмон” во Нерези (1164). С. Мокрино (во форма Мокрени) се среќава во една повелба на Светогорскиот манастир Некрополата Керамидарка, Мокрино (Ⅲ-ИV в.) „Св. Пантелејмон” што Евдокија, мајката на Дејановци го подарила меѓу 1377 и 1381. ЛИТ.: Е. Манева – Ј. Ананиев, Керамидарка с. Мокрино кај Струмица – ископување 1988, „Мацед. Ацта Арцхаеол.”, 11, Скопје, 1990, 215-226. Ел. М. Римска бања во Керамија, локалитет Ташачица