КЕМАЛ-АТАТУРК, Мустафа

КЕМАЛ-АТАТУРК, Мустафа (Солун, 19. Ⅴ 1881 – Цариград, 10. XI 1938) – прв претседател на Република Турција. Се школувал во Военото училиште „Руждие” во Солун, во Воената академија (Аскери идадиси) во Битола (1896/1897 –1898/1899) и во Цариград. Бил на служба во Солун, како воен инспектор на железничката линија СолунСкопје и СолунБитола (1907–1910). Учествувал во Младотурската револуција (1908), во Контрареволуцијата (1909), во Отоманско-италијанската војна (1911–1912), во Балканските (1912 –1913) и во Првата светска војна (1914–1918). Бил воено аташе во Бугарија. Соработувал со видни македонски дејци, а некои и материјално ги помагал. ЛИТ.: З. ТомиÊ, Сиви вук – Ататаурк, Београд, 1937; П. Парушев, Мустафа Кемал Ататърк, Софи®, 1873; Х. Амстронг, Сивиот волк Мустафа Кемал, Скопје, 1994; А. Трајановски, Ататурк и Македонија. зб.: Ататурк ве Манастир, Манастир-Битола, 1998. Ал. Тр.