КВЛИТЕТ НА ЖИВОТОТ

КВЛИТЕТ НА ЖИВОТОТ – мерило што опфаќа повеќе компоненти, меѓу кои едни се мерливи, на пример: животниот стандард на населението, а други немерливи, како на пример: слободата во изборот, животната средина, слободното време, среќата, сигурноста итн. Во РМ квалитетот на животот на населението најчесто се мери преку индексот на човековиот развој, а според кој земјата е рангирана во редот на средноразвиените земји (в. човеков развој). Во поново време, како мерило на остварениот квалитет во живеењето на населението, се користи и индексот на квалитетот на животот, кој се темели на методологијата што ги поврзува резултатите од анкетите за субјективното животно задоволство на луѓето и објективните фактори на квалитетот на животот. Индексот се движи во распон од 1 до 10 и е производ на ,,Тхе Ецономист Интеллигенце Унит”. Според податоците од 2005 г., индексот на квалитетот на животот за РМ изнесува 5.337, со што земјата се рангира на 89-тото место од вкупно 111 земји во светот. ЛИТ.: Р. Пресцотт-Аллен, Тхе Њеллбеинг оф Натионс: А Цоунтрѕ-бѕ-Цоунтрѕ Индеџ оф Љуалитѕ оф Лифе анд тхе Енвиронмент. Цовело, ЦА. ИДРЦ/Исланд Пресс, 2001; Тхе Ецономист Интеллигенце Унит, Тхе Ецономист Интеллигенце Унит’с Љуалитѕоф-лифе индеџ, Тхе Њорлд ин 2005, 1–4. Д. Е.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *