КВИСЛИНШКИ ОРГАНИЗАЦИИ во Македонија

КВИСЛИНШКИ ОРГАНИЗАЦИИ во Македонија (1941 – 1944) – асоцијации формирани непосредно по окупацијата и распарчувањето на Македонија во април 1941 г. Имале цел да ја спроведуваат и да ја шират фашистичката идеологија, национализмот и шовинизмот и да се зацврстува и утврдува постојната (бугарска и италијанска/германска) власт, со спречување на оружената борба и ликвидација на припадниците на ослободителното движење и членовите на КПМ и СКОЈ. Организации во делот на Македонија окупиран од Бугарија биле: Бугарскиот централен акционен комитет, Ванчомихајловистичката ВМРО, „Бранник”, Себугарскиот сојуз „Отец Паисиј”, Сојузот на бугарските национални легиони, Ратници за напредок на бугарштината, Контрачетниците, Четничката организација на Дража Михајловиќ, Групата на Чкатров – Ѓузелов и др. Во делот окупиран од италијанската војска биле: Фашистичката партија, Бали комбетар, Легалитет, Беса, Фаша, Кресник офицер (Херој офицер), Башкими Дибраи (Дебарско единство), Ринија шкиптаре (Младинска партија на шиптарите) итн. Сите организации се расформирани во септември и ноември 1944 г. ЛИТ.: Ѓорѓи Малковски, Профашистичките и колаборационистичките организации и групи во Македонија 1941–1944, Скопје, 1995; истиот, Политичките партии и организации во Македонија во Втората светска војна 1941–1944, Скопје, 2002. Ѓ. Малк. Кедар (Пинус Пеуце, Мацедониан Пине)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *