КАЈСИЈА

КАЈСИЈА .(Прунус армениаца Л.) – традиционално овошје во нашиве простори. По Втората светска војната производството на кајсии во Република Македонијаизнесуваше околу 2.700 т. Во последната декада од социјалистичкиот период (1980–1990) површините под плантажни насади достигнаа до 900 ха, а производството до 12.000 т. Со приватизацијата и влошувањето на Кајсии (Прунус армениаца Л.) состојбата во општествениот сектор, насадите се напуштени, а производството нагло опадна. Последниве години статистиката регистрира 140.000 родни стебла кајсии, со производство меѓу 2.000 и 4.000 т. Б. Р.