КАЈА, Фахри

КАЈА, Фахри (Фахри Каѕа) (Куманово, 1930) – раскажувач, поет, литературен критичар, антологичар, новинар, преведувач од турската националност во Р Македонија. Бил учител, новинар, главен и одговорен уредник на в. „Бирлик”, уредник на с. „Сеслер”, долго време бил општествено-политички работник, секретар за информации при Извршен совет на Фахри Каја СРМ, пратеник на РС на СРМ, два мандата член на Претседателството на СРМ, член на Македонскиот ПЕН-центар, член на ДПМ од 1956 г. Литературните творби му се преведени и на македонски јазик. Составувач на антологиите Современа турска поезија, 1985, Избор раскази од турски авторЃоккушаги, 1985, Антологијараскази на турските раскажувачи од Југославија, 1990, Антологија на современа турска поезија во Југославија, 1992. Автор е на повеќе публикации: Првите чекори, 1952, Гласовите од селото, 1958, Довидување, 1963, Среќно, 1978, Детски соништа, 1991, Есеи и критики, 1994, Госпоѓица, 1996, Попладневно сонце, 1998. ЛИТ.: Абдüлкадир Хаѕбер, Македонѕа ве Косова Тüрклеринин Едебиѕатџ, Истанбул, 2001; Ф. Каѕа, „Сецме Ѕазџлар”, Бирлик, Üскüп, 1994. А. Аго Натпревар во кајак на брзи води на реката Треска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *