КАЦАРОВ, Трајче

КАЦАРОВ, Трајче (Штип, 14. IX 1959) – поет, раскажувач, есеист, драмски автор. Живее и работи како сестран човек на театарската уметност. Го уредува литературното списание „СУМ”, кое излегува од 1993 г. Бил еден од иницијаторите за покренување на списанието „Стожер”, орган на ДПМ. Се пројавува и во областа на детската литература. Книги со есеи за театарот му се: „Времето во театарот” (1997); „Време на Трајче Кацаров моментот” (2001); „Белиот слон” (2003). Творбите му се одликуваат со будно следење на возбудливостите во актуелниот миг и со инвентивни коментари на македонските состојби. БИБ.: Во подмишките на будилникот, 1986; Го следите ли Хорхе?, 1991; Дискретниот шарм на Кус де Ру, 1993; Регтајмот на господинот Налче, 1997; Емигрантот Цвик, 2003 (збирки песни); раскази: Цартаровата чичитра, 1996; Дневникот на Омир, 1999. Како драмски автор се пројавил со пиесите: Да не беше дождот, 1993; Фалцот на змијата, 1996; Ноќта во која светилката не треба да згасне, 1999 и Гард. Г. Т.