КАТРАНЏИЕВ, Костадин

КАТРАНЏИЕВ, Костадин (с. Годлево, Разлошко, 1896 – Разлог 8. Ⅰ 1944) – професионален револуционер, член на ВМРО(Об), еден од основоположниците на партизанското движење во Пиринскиот дел на Македонија. Бил член на БКП и активно учествувал во Септемвриското востание Костадин Катранџиев (1923). Потоа емигрирал во Кралството на СХС. Се вратил во родниот крај (1925) и се населил во с. Бачево, Разлошко. Станал член на ВМРО(Об), но уапсен е и осуден (1935) во процесот против ВМРО(Об). По излегувањето од затвор бил организатор на партизанското движење. Во оружен судир со полицијата бил тешко ранет (Ⅻ 1943), заробен и убиен во болницата во Разлог. ЛИТ.: Георги Джоджов (Драго), За кого пеят мурите, София, 1971; Безсмъртните 1922/1944, зб.: Загинали в борба против капитализма и фашизма от Благоевградски окръг, БКП, София, 1971. В. Јот. Димитар Кафтанџиев

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *