КАСТРАТОВИЌ, Индира

КАСТРАТОВИЌ, Индира (Бања Лука, 2. Ⅹ 1970) – хемиски техничар, ракометарка. Завршила хемиско-технолошка школа во Приедор (1988). Била член на четири ракометни клуба (1986–1994) пред да дојде во РК „Кометал Ѓорче Петров” во Скопје (1994–2006). Таа е најдобар стрелец во екипата и во репрезентацијата на Македонија. Настапила на три светски и на две европски првенства. На СП во Германија (1997) било заземено седмото место, а таа била најдобар стрелец на првенството (71 гол). На СП во Норвешка (1999) била прогласена за најдобар десен бек. Играла двапати за Репрезентацијата на Европа. Била избрана за најдобар спортист на Македонија (1997). Д. С. Марин Каталиниќ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *