КАСТРАТИ, Адем

КАСТРАТИ, Адем (с. Горно Карачево, Долна Морава, 15. Ⅰ 1933 – Скопје, 24. IX 2000) – сликар и ликовен педагог, најистакнат и еден од најстарите сликари од албанско потекло во РМ. Дипломирал на Педагошката академија во Скопје. Бил член на Друштвото на ликовните уметници на Косово, а од 1968 г. член во ДЛУМ. Слика со земја и негува посебен, рустично обоен наивен израз. С. Аб.-Д. Индира Кастратовиќ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *