КАСО, Елјеса

КАСО, Елјеса (Гостивар, 3. Ⅹ 1961) – актер. Дипломирал на ФДУ во Скопје, на Отсекот за актерска игра (1985), од кога е член на Турската драма на Театарот на народностите. Како стипендист на Владата на Република Турција, во Анкара (1987/88) специјализирал сценски говор на Државниот конзерваториум. Од 1944 г. е на ФДУ во Скопје, каде што предава сценски говор со техника на гласот. УЛО.: Јонус Емре и Гилгамеш (во истоимените дела), Рогожин („Идиот”), Абрахам Бродски („Р”), Ибрахим („Лудиот Ибрахим”), Зганарел („Дон Жуан”), Фердинанд („Бура”), Едип („Цар Едип”). Р. Ст.