КАСОРЛА, Моше

КАСОРЛА, Моше (Битола, ⅩⅩ в.) – рабин во Париз. Бил активен учесник на француското Движење на отпорот во Втората светска војна. Носител е на високи француски одликувања. ЛИТ.: Ѓорѓи Цолев Димовски, Битолските Евреи, Битола, 1993; Зени Лебл, Плима и слом из историје Јевреја Вардарске Македоније, Горнји Милановац, 1990. Ј. Нам.