КАСАНДАР

КАСАНДАР (Кассандрос) (ок. 358-297 пр. н.е.) – владетел (316–305 пр. н.е.) и крал на Македонија (305 ‡297 пр. н.е.), најстариот син на Антипатар, војсководецот и дипломат на Филип Ⅱ Македонски. Како оспособен воин бил испратен кај Александар Ⅲ Македонски во Вавилон (324 пр. н.е.). Кога починал татко му (319 г. пр. н.е.), владеењето со Македонија му било препуштено на Полиперхонт. По долготрајни борби, со помош на Антигон Едноокиот, успеал да ја преземе власта во Македонија (316 пр. Монета на Касандар н.е.).

Притоа свирепо се пресметал со кралското семејство – наредил да се убие мајката на Александар Ⅲ Македонски, кралицата Олимпијада (316 пр. н.е.), а неговата сопруга Роксана и синот Александар Ⅳ, пак, првин ги заточил, а потоа и ги ликвидирал (ок. 310/9 пр. н.е.). За легитимитет на својата власт, се оженил со Тесалоника, ќерката на Филип Ⅱ Македонски и полусестра на Александар Ⅲ Македонски. Притоа со нејзиното име го именувал и новооснованиот град во Термајскиот Залив Тесалоника (ден. Солун), којшто поради својата погодна местоположба наскоро станал македонска метропола. На локацијата на старата Потидаја, според своето име, го основал градот Касандреја. Додека Антиох тежнеел кон обновување на Македонската Империја, неговата политика би-ла насочена кон задржување статус љуо. Заборавајќи на поранешното сојузништво и помош од Антигон Едноокиот, во коалиција со другите дијадосиЛисимах, Селевк и Птолемај, учествувал во борбите против него. Најпосле му се исполнила мечтата и се прогласил за крал (305 пр. н.е.). Последните години од животот ги посветил на средување на внатрешните прилики во државата, посебно економскиот живот и културата. Меѓу другото, ја воозобновил и Теба.
ИЗВ.: Диодори, Библиотхеца хисторица, Леипзиг, 1896; Плутарцхи, Витае Паралеллае, Липсиае, 1921.
ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995. К. М.-Р.