КАРЧИЦКА, Димитра Ламброва

КАРЧИЦКА, Димитра Ламброва (с. Поздивишта, Костурско, Грција, 2. Ⅷ 1939) – математичар, ред. проф. (1984) на ПМФ. Дипломирала (1961) на ПМФ, магистрирала (1969) во Белград и докторирала (1973) на ПМФ со темата „Некои проблеми на квадратното програмирање со матрици од Леонтиев тип”. Објавила научни трудови во областа на математичкото програмирање, универзитетски учебници, скрипти за своите предавања на постдипломските студии, стручни трудови за потребите на математичките школи и за перманентното образование на наставниците. Била продекан на Математичкиот факултет (19801982), на ПМФ (1991-1993) и шеф на Институтот за информатика (1985-1989 и 1995-1997). БИБ.: Конечно димензионални векторски простори, Скопје, 1985; Теорија и методи на линеарното програмирање, Скопје, 1987. Н. Ц.