КАРОЛАК, Станислав

КАРОЛАК, Станислав (Станисљањ Каролак) (Жирардув, Полска, 22. Ⅱ 1931) – полски лингвист, славист, романист, теоретичар на јазикот, специјалист во областа на семантичката и формалната синтакса. Автор на една од современите семантички теории на глаголскиот вид, применета во монографии од повеќе македонски автори посветени на глаголскиот вид во македонскиот јазик. Излагањето на теоријата (од С. Каролак) и нејзината верификација на македонски јазичен материјал (од М. Миркуловска) се објавени во Полска како трети том од серијата Славиа Меридионалис (Њарсзања, 2000) под наслов Инхоативна видска конфигурација во македонскиот јазик. Во полските и македонските научни списанија има објавено низа статии со македонистичка проблематика. БИБ.: Од семантѕки до граматѕки, Њарсзања 2001. ЛИТ.: Етудес лингуистиљуес Романо-Славес оффертес á Станисљањ Каролак, Црацовие, 2003. З. Т.