КАРИКАТУРАТА ВО РМ

КАРИКАТУРАТА ВО РМ. Смешен и сатиричен цртеж со или без текст, во кој се изобличува реалното преку смешно, гротескно или пародично толкување на личностите и настаните. Корените на македонската карикатура се во фолклорната традиција. Карикатурата се развила во времето на НОБ (В. Поповиќ-Цицо), а подоцна во рамките на „Остен” (В. Јоциќ, Д. Марковиќ, Ѓ. Варга, Д. Михајлов, В. Бороевиќ, С. Игњатовиќ, А. Василевски, С. Божиновска, Н. Костовска). Светската галерија на карикатури, прва манифестација од таков вид во светот, била основана во 1969 г. во Скопје.ЛИТ.: Владимир Величковски, Македонска карикатура, Скопје, 1994. Ал. Цв. Питер Карингтон КАРИНГТОН, Питер Александар Руперт (ПетерАлеџандерРуперт Царингтон) (6. Ⅵ 1919) – британски конзервативен политичар и дипломат. Секретар за надворешни работи на Обединетото Кралство во првиот мандат на Маргарет Тачер (1979–1982); Генерален секретар на НАТО (1984 –1988); претседавач со Конференцијата за Југославија свикана врз основа на Декларацијата за Југославија (27. Ⅷ 1991). ИЗВ.: Брана Марковиќ, Ѕугослав Црисис анд тхе Њорлд: Цронологѕ оф Евентс Јануарѕ 1990 – Оцтобер 1995, Институте оф Интернатионал Политицс анд Ецономицс, Белграде, 1996. Т. Петр. Насловната страницата на Извештајот на Карнегиевата комисија, (1914) КАРНЕГИЕВА КОМИСИЈА