КАРЕВ, Петар

КАРЕВ, Петар (Крушево, 1879 – Скопје, 1951) – револуционер, социјалист, брат на Никола Карев. Учествувал на Првата социјалистичка конференција во Крушевско (1900). Станал член на Крушевскиот окружен комитет на МРО (1904). Бил во отомански затвор (1910). Во текот на 1944 г. бил осуден и животот го завршил во затворот во Идризово, Скопско. ЛИТ.: Историја на Крушево и Крушевско, Крушево, 1978. Ал. Тр.