КАРБИНЦИ

КАРБИНЦИ – село во Штипско. Се наоѓа од левата страна на р. Брегалница, во западното подножје на планината Плачковица, на надморска висина од околу 300 м. Со Штип е поврзано со локален пат. Тоа е населено со Македонци, а нивниот број изнесува 673 ж. Главно занимање на населението е производство на житни култури, посебно на оризот. Тоа е седиште на општина која зафаќа површина од 22.970 ха, има 29 на-С. Карбинци (сателитска снимка) селени места со 4.012 ж. Постои осумгодишно училиште, здравствена станица и развиена земјоделска организација. Ал. Ст.

Напишете коментар