КАРАЏОВ, Димитар

КАРАЏОВ, Димитар (Ново Се-ло, Штип, 21. Ⅶ 1897 – 1956) – дипл. град. инж., вонр. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1952 до смртта) по предмети од областа на патиштата, декан на Техничкиот факултет. На Факултетот дошол во 1949 г. (како доцент). Дипломирал во Белград (1925), по што работел на граде-ње патишта и железници во Хрватска, Словенија и Македонија. Заслужен е за формирањето и развојот на Техничкиот факултет во Скопје (1949). Љ. Т. Зоран Караџов КАРАЏОВ, Зоран Христов