КАРАЏА, Ташко

КАРАЏА, Ташко (с. Д’мбени, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, 14. Ⅱ 1914 – Солун, 23. Ⅴ 1942) – активист на македонското и на грчкото комунистичко движење, секретар на Окружниот комитет на КПГ за Катерини, активен учесник во антифашистичкиот отпор. Во 1942 г. бил уапсен, осуден на смрт и убиен од германските власти. ЛИТ.: Егејска Македонија во антифашистичката борба 1941–1943, Ⅶ, 1, Скопје, 1985. Ст. Кис.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *