КАРАЈАНОВ, Петар

КАРАЈАНОВ, Петар (Гевгелија, 4. Ⅴ 1936) – новинар, публицист, општественик. Работел како новинар, уредник и главен уредник Петар Карајанов на „Млад борец” (1955-1963), коментатор, уредник и заменик главен уредник во Радио Скопје (1964-1972), главен уредник и директор на НИРО „Комунист” (1973 – 1980). ДЕЛ: Авангардата на историските крстопати, Ск., 1989; Македонска сага, Ск., 1996; Личности од Македонија, коавторство, Ск., 2002; Рафаел Моше Кахми – илинденски деец од еврејско потекло, Ск., 2003; Тито за МакедонијаМакедонија за Тито, Ск., 2003; Враќањето на Гоце во слободна Македонија, Ск., 2006. В. Тоц.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *