КАРАЈАНОВ, Илија

КАРАЈАНОВ, Илија (Гевгелија, 8. Ⅶ 1943) – поет, есеист, критичар. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Поет на родното јужно поднебје, лирски хроничар на современоста и вљубеник во историската традиција на Македонија. ДЕЛ: стихозбирки: Сончогледово око, Ск., 1978; Цветови на слободата, Ск., 1979; Полноќен синопис, Ск., 1987; Слики од југот, Гевгелија, 1995; Зорници во со-нот, Ск., 1997; Свилени звуци, хаику, Ск., 2000 и книга критики и есеи Пробуди и вознеси, Гев., 2001. В. Тоц.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *