КАРАХАСАН, Мустафа

КАРАХАСАН, Мустафа (Мустафа, Карахасан) (Скопје, 1920 – Бел-град, 2002) – раскажувач, романсиер, книжевен критичар, драм-ски автор, истражувач од турската националност од РМ. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Бил професор, борец во НОБ (од 1941). Новинар во редакцијата на в. „Бирлик”, потоа и главен и одговорен уредник, директор на ОУ „Тефејуз” во Скопје, советник во Бирото за развој на образованието, советник во Секретеријатот за информации во СИС во Белград. Проучувач на македонската и турската историографија во Македонија. Учесник на меѓународни конгреси, научни собири и симпозиуми во земјава и во странство. Член на ДПМ (од 1979). БИБ.: Ваташанка, 1951; Сузана, 1956; Мара, 1972; Македонија од преродбата до Социјалистичката револуција 1879–1945, 1983; драмски творби: шабан хоџа, Хаџер, научните трудови му се објавени во посебни билтени. ЛИТ.: Абдüлкадир Хаѕбер, Македонѕа ве Косова Тüрклеринин Едебиѕатџ, Истанбüл, 2001; Ф. Каѕа, Гöккуþаðџ, Üскüп, 1985. А. Аго Ташко Караџа