КАРАТЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – нова спортска дисциплина кај нас. Доминираат два стила: шото-кан и вадо-рју. Карате сојуз на Македонија е формиран во Скопје, на чело со Цветан Цветковски (1972). Во него се регистрирани 15 клубови и 17 секции со околу 9000 членови, од кои 1305 натпреварувачи во машка и женска конкуренција. Било организирано Првото првенство на Македонија и натпревари за Куп на Југославија (1968). Подоцна, во Сојузната карате лига се натпреварувале „Вардар” и „Работнички” од Скопје. Македонските каратисти успешно учествувале и на сојузните и на меѓународните првенства и натпревари и постигнувале забележителни резултати (1991–2006). Меѓу најуспешните се: Димче Кичевски, Петар Белистојановски, Мирче Опеловски, Назим Куртовиќ, Јорго Огненовски, Лујза Гашевска, Дејан Недев, Елвир Куртановиќ. ЛИТ.: Атанас Кајчевски, и др.: Карате, основи на тренингот, основи на техниката, Скопје, 2004. Д. С.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.