КАРАТАШО-ЦАМИ, Димитар

КАРАТАШО-ЦАМИ, Димитар (Негуш, 1798 – Белград, 1861) – учесник во Негушкото востание во Македонија (1822), а по неговото задушување и во Грчкото востание. Бил полковник во грчката војска и аѓутант на грчкиот крал Отон. Го организирал востанието на Халкидик (1854), Јужна Македонија, и се потпишувал како „Главен шеф на Македонија”. Учествувал и во борбата за ослободување и обединување на Италија. Во текот на 1860 г. се обидел да организира ново востание во Македонија во Солунскиот регион. ЛИТ.: Цонстантинос Папоулидис, Љуелљуес елементс ноувеауџ цонцернант лес планс инсуррецтионнелс де Тсами Царатассо сур ла деливеранце дес пеуплес балљаниљуес ен 1860 –Грек-сербиан цооператион 1830–1908, Белграде, 1982. Д. Јов. Македонската репрезентација на Европското првенство (сениори) во карате