КАРАСТОИЛОВ, Стојан

КАРАСТОИЛОВ, Стојан (Стојан војвода) (с. Старчишта, Неврокопско, 1848 – с. Кресна, 24. XI 1878) – војвода во Кресненското (македонско) востание (1878–1879). Пред Востанието бил ајдутски војвода во долината на р. Струма. По извршените подготовки, заедно со другите војводи, со 400 борци го нападнале османлискиот гарнизон во кресненските анови (5/17. Ⅹ 1878) и ослободиле 35 села во Каршијак. Притоа бил формиран штаб на чело со Д. Попгеоргиев-Беровски и С. Карастоилов како главен војвода. По недоразбирањата и отстранувањето на водачот на востанието Д. Поп-георгиев-Беровски (4. XI), бил назначен за началник на штабот. Заедно со двајца соборци, биле убиени на спиење. ЛИТ.: Д-р Ристо Поплазаров, Македонското кресненско-разлошко востание, Скопје, 1979. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *