КАРАНЏУЛОВ, Никола

КАРАНЏУЛОВ, Никола (Прилеп, 1876 – с. Селце, Прилепско, 28. Ⅶ 1904) – учител и револуционер. Се школувал во Прилеп, Битола, ќустендил и во Загреб. Како учител во Прилеп (1898–1899) раководел со ОК на ТМОРО. Учителствувал во Куманово и во К. Паланка. Бил уапсен (Ⅲ 1903), но избегал од затворот во Битола. Учествувал на Прилепскиот конгрес (1904). Тешко ранет во борба со османлиска воена единица, на негово барање бил застрелан. ЛИТ.: Г. Трајчев, Град Прилеп – Историко-географски и стопански преглед, Софи®, 1941; К. Църнушанов и Р. Каранджулов, Никола Каранджулов, Софи®, 1993. Ал. Тр.