КАРАНЏУЛОВ, Иван

КАРАНЏУЛОВ, Иван (Прилеп, 1856 – Софија, 5. Ⅴ 1930) – претседател на Извршниот комитет, а потоа на Националниот комитет на македонските братства, пратеник во бугарското Народно собрание и главен обвинител на Врховниот суд. Се школувал во Цариград и правни науки завршил во Франција. Како долгогодишен претседател на Комитетот, одржувал блиски врски со ВМРО на Т. Александров и Ив. Михајлов, ја поддржувал во судирите со ВМРО (Об) и со опонентската протогеровистичка ВМРО. ЛИТ.: Алманах на българските национални движения след 1878, София, 2005. З. Тод. Никола Каранџулов

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *