КАРАНЃЕЛЕСКИ, Васко

КАРАНЃЕЛЕСКИ, Васко (Брусник, Битола, 1921 – Македонски Брод, 3. Ⅱ 1977) – првоборец, генерал-полковник на ЈНА. Пред Втората светска војна бил земјоделски работник. Во војната учествувал од 1941 г. Бил член на СКОЈ (1941) и член на КПМ (1943), командант на баталјон, заменик на командант на бригада, командант на бригада и командант на дивизија. По Ослободувањето дипломирал на Воената академија „Ворошилов” во СССР, на ВВА и на Курсот за оператика на ЈНА. Бил командант на дивизија, началник на штаб на корпус и на подрачје, началник на штаб на армиска област и командант на армија. Бил член на ЦК на КПЈ. Прогласен е за народен херој на Југославија. Загинал во несреќен случај. В. Ст. Ефрем Каранов