КАРАНФИЛСКИ, Борислав Трајков

КАРАНФИЛСКИ, Борислав Трајков (Куманово, 31. Ⅶ 1928) – патофизиолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Дипломирал медицина во Скопје (1956). Докторирал на темата за влијанието на слезенката во прометот на маркираните еритроцити (1961). Во постдипломската настава го предавал предметот по нуклеарна медицина (1980). Директор на Институтот и шеф на Катедрата по патофизиологија со нуклеарна медицина (1978-1988). Продекан (1971-1973) и декан (1982-1984) на Мед. ф. во Скопје. Проректор на Универзитетот „Кирил и Методиј” (1977-1978). Претседател на МЛД и на Здружението за нуклеарна медицина на Југославија. Се усовршувал во Винча, Стокхолм, Лондон и Москва во областа на фундаменталната и експерименталната примена на радиоактивните изотопи. Во Бостон, Единбург и Чикаго ги изучувал ензимските нарушувања во синтезата на тироидните хормони и ав-Ванчо Каранфилов тоимуните заболувања и клеточниот имунитет на тироидната жлезда. Автор на повеќе од 200 трудови. Реализирал или соработувал во неколку научни проекти. Од 1995 до 2004 г. раководел два проекта – за јодниот дефицит и за корекција на јодниот дефицит во РМ, финансирани од УНИЦЕФ и СЗО, а реализирани со соработници од Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина. Национален координатор за Македонија на Интернационалниот совет за контрола на нарушувањата поради јоден дефицит. БИБ.: Дијагностичка примена на радиоактивни изотопи во заболувањата на тироидејата, Винча, 1979; Дијагностичка примена на радиоактивни изотопи, Винча, 1987; Општа патолошка физиологија, Скопје, 1987; Патолошка физиологија-практична настава, Скопје, 1990, 1995; со соработници: Јодниот дефицит во Македонија, Скопје, 1997; Корекција на јодниот дефицит, Скопје, 2004; коавтор: Вовед во нуклеарно медицинска практика (скрипта), Београд, 1976; Специјална патолошка физиологија, Београд-Загреб, 1982-1990, Скопје, 1982, 1987. ЛИТ: Билтен УКИМ, бр. 265; 40 години Медицински факултет, Скопје, 1987. К. К.-П.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *