КАРАНФИЛОВ, Ванчо

КАРАНФИЛОВ, Ванчо (село Ораовица, Радовишко, 10. IX 1956) – стрелец. На Параолимписките игри во Сиднеј (Австралија, 2000), во дисциплината МК пиштол слободен избор, го зазел петтото место, а во Атина (Грција, 2004) освоил сребрен медал. На Светското првенство во Сантандер (шпанија, 1998) бил втор, а во Хвасунг (Јужна Кореја, 2002) поединечно второ и двапати трето место – екипно. На Европското првенство во Франција (1997) освоил второ, а во Данска (2001) трето место. Бил избран за најдобар спортист на Македонија (2004). Добитник е на општествени признанија. Д. С. Максим Каранфиловски КАРАНФИЛОВСКИ, Максим