КАРАНОВСКИ, Душан Димитриев

КАРАНОВСКИ, Душан Димитриев (Скопје, 1. Ⅱ 1922 – Скопје, 25. Ⅷ 1992) – полковник, спец. интернист. Се запишал на Мед. ф. во Софија (1943/44), но заминал во НОБ и учествувал во борбите на Сремскиот фронт. Дипломирал на Мед. ф. во Белград (1949), како воен питомец, а специјализирал на ВМА. Бил управник на ВБ во Ниш (1964-1970), а потоа на ВБ во Скопје (1970-1984). Бил претседател на МЛД (1978-1980). Сл. М. П.