КАРАМАН, Станко

КАРАМАН, Станко (1889 – 1959) – основач на Природонаучниот музеј, на Зоолошката градина и на Скопскиот парк. Дошол во Македонија (1924), работејќи на ихтиофауната и ја објавил својата студија Писцес Мацедониае. Објавил повеќе од 120 научни трудови во кои ја обработува таксономијата на рибите, птиците, влекачите и многу групи од раковидните организми. Најголемиот број од новоопишаните видови и подвидови го носат името на Македонија, реката Вардар и големите планински масиви во Македонија. Опишал повеќе од 60 видови и подвидови. Основач е и на музејските списанија „Ацта” и „Фрагмента балканица”. Р. Гр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *