КАРАМАН, Зора

КАРАМАН, Зора (Буе, Истра, 1907 – ?, 1974) – средно образование завршила во Ново Место (1928), а дипломирала на Филозофскиот факултет во Љубљана, на Групата биологија (1932). Одбранила докторат на Факултети за наравословје ин технологијо во Љубљана (1955) на тема Бѕтхинини (Цолеоптера Балкана са сталисца систематике, зоогеографије ин филогеније). По завршените студии (1934) е пратена како гимназиски професор во Скопје и во Битола, а по окупацијата (1941) се селела во Крагуевац, во Смедерево и во Сплит. Во 1950 г. работела во Дубровник како кустос во музејот, а во Скопје се вратила во 1953 г., каде што е избрана за доцент на Земјоделско-шумарскиот факултет (1959), за вонреден професор и во 1965 г. за редовен. Како ентомолог, објавила 69 научни трудови, од кои најголем дел се систематика на инсекти од фамилиите: Пселапхиде, Сцолитѕдае, Латридае, Цатопидае, Тенебрионидае, Црѕптопхагидае, Сцѕдменидае, Трецхинае, пештерски паразитски муви Нѕцтерибидае, зелени скакулци од родот Троглопхѕлус. Љ. Гр.