КАРАКАШЕВИЌ, Богдан Александров

КАРАКАШЕВИЌ, Богдан Александров (с. Кленак, Србија, 21. Ⅷ 1908 – Скопје, 2. Ⅻ 1996) – микробиолог-епидемиолог, редовен проф. на Мед. ф. (1967). Дипломирал на Мед. фак. во Загреб (1934), каде што завршил и специјализација по бактериологија и епидемиологија (1941). Престојувал и се усовршувал во Берлин, Париз, Хамбург, Амстердам и во Прага. По доаѓањето во Скопје бил назначен за директор на Централниот хигиенски завод (1952-1954), а од 1954 бил директор на Бактериолошкиот институт при Мед. фак., хонорарен наставник по хигиена и епидемиологија, вонреден професор по микробиологија. Редовен професор по микробиологија со паразитологија и шеф на Катедрата (1957). Организирал научни состаноци и симпозиуми за современа епидемиологија и организација на здравството; конференции за микробиологија и епидемиологија на хроничните незаразни болести и за заштитата на животната околина. Ги уредувал зборниците од научните состаноци и списанијата „Хигиена” и „Епидемиологија, инфектологија и микробиологија”. БИБ.: Прирачник за превентивна медицина со стандардни методи во микробиологијата, Београд, 1960-1970; Прирачник за епидемиологија со медицинска статистика, Београд-Загреб, 1967; Микробиологија со паразитологија (редактор), Београд-Загреб, 1962-1987. К. К.-П. КАРАМАН, Билјана Станко

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *