КАПЧЕВ, Георги

КАПЧЕВ, Георги (Охрид, 1868 – ?) – гарибалдинец, револуционер, публицист. Како доброволец се бори заедно со велешанецот Димитар Николов во одредот на Џузепе Гарибалди во Италија (1848). При повлекувањето на одредот кон Венеција учествува во акцијата за спасување на своето семејство. Во текот на 1898 – 1899 г. во Загреб го издава весникот „Македонија”, на неколку јазици. Излегле 5 броја, исполнети со вести со кои се информирала јавноста за состојбата во Македонија под власта на Турците. В. М.-Ч. Германос Каравангелис КАРАВАНГЕЛИС, Германос