КАПОДИСТРИЈАС, Јоанис

КАПОДИСТРИЈАС, Јоанис (Крф, 11. Ⅱ 1776 – Навплион, 9. Ⅹ 1831) – прво државен секретар на Јонската Република (1800–1807); руски министер за надворешни работи (1816–1822) и прв претседател на Грција (1828). До рускиот цар испратил проект за поделба на Европска Турција на пет држави (1827), меѓу кои предлагал да се создаде и „Кралство Македонија”. Не успеал да ги обедини разните грчки политички сили, бил убиен од противниците. ЛИТ.: Ричард Клог, Историја Грчке новог доба, Београд, 2000; Блаже Ристовски, Македонскиот етнокултурен и националнополитички развиток до почетокот на ⅩⅩ век, Македонија. Прашања од историјата и културата, Скопје, 1999. Д. Јов. Факсимил на Апелот на Георги Капчев

Напишете коментар